Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Енцо Мареска, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање иднината на францускиот интернационалец Кристофер Нкунку. Иако со недели се шпекулира дека брзоногиот напаѓач ќе ги засили редовите на лутиот ривал, Манчестер Јунајтед, Италијанецот откри дека Нкунку е среќен и не планира да си замине од „Стемфорд Бриџ“.