Каталонскиот гигант Барселона се вклучи во трката по потписот на францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Кристофер Нкунку. Брзоногиот напаѓач веќе подолг период важи за голема желба на раководните лица на Манчестер Јунајтед, а понудата за неговото обештетување не смее да биде помала од 70 мил. евра.