„Никој не му беше рамен кога станува збор за кафаната“

207

За време на неговиот престој во италијанскиот фудбал, Раџа Наинголан стекна негативна репутација поради неговиот животен стил надвор од теренот. Иако беше одличен фудбалер, Белгиецот често доаѓаше во центарот на вниманието поради неговиот неспортски начин на живот. Поранешниот директор на Рома, Валтер Сабатини, кој го донесе на „Олимпико“, своевремено проговори за неговите маани.

“Тој е исто така одличен фудбалер, но тој е деликвент, тој е некој кој ако му ставите 7-8 чаши алкохол, сите ќе ги испие на екс. За него животот е игра, но има добри чувства. Тој е егзибиционист, неговите соиграчи требаше да му помогнат, не требаше да го поддржат, но тој секогаш и го правеше тоа што го сакаше, но на теренот бешее врвен играч кога играше за Рома, такво нешто не видов во ниту еден друг играч“.

Наинголан одигра четири сезони за Рома и ја делеше соблекувалната со Един Џеко и Миралем Пјаниќ, а во Интер имаше можност да соработува со Марсел Брозовиќ и Иван Перишиќ.

Брозовиќ беше еден од најдобрите играчи од средниот ред во Серија А, некој кој го даде тонот на средниот ред на Интер. Беше врвен фудбалер, имаше исклучително прецизни додавања, но беше и многу „прецизен“ кога одеше во кафана.

„Никој не му беше рамен кога станува збор за кафаната. Марсело беше најдобриот партнер за ноќно излегување. На крајот од ноќта не можевме да се препознаеме“, изјави Наинголан за Брозовиќ, кој сега игра во Саудиска Арабија за Ал Наср и кој на почетокот на годинава најави крај на репрезентативната кариера.

Искусниот играч за врска реши да се прости од репрезентацијата по 99 настапи. Брозовиќ не беше на своето ниво за време на ЕП во Германија, но без разлика, дефинитивно е изненадувачка неговата одлука да се збогува од репрезентацијата пред 100-от настап.