Никој не им верува на зборовите кои ги кажа Кристијано Роналдо

1284
epa10359638 Cristiano Ronaldo of Portugal reacts as he leavs the pitch after the FIFA World Cup 2022 quarter final soccer match between Morocco and Portugal at Al Thumama Stadium in Doha, Qatar, 10 December 2022. EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери кои некогаш се појавиле на зелениот терен. Португалецот со години е во самиот врв на светскиот фудбал, а пет пати е прогласуван за најдобар во светот.

Пред неколку дена во азиската Лига на шампиони го постигна 904. гол во кариерата. Сепак, тој тврди дека веќе не го интересираат никакви рекорди и само сака да ужива во фудбалот.

„Веќе не бркам индивидуални рекорди. Добро е играчот да постигнува голови, но најважно ми е денес да уживам во играта и да им помогнам на моите соиграчи да победат“, изјави Роналдо и додаде:

„Не знам колку ми остана. Затоа единствена цел ми е што подолго да уживам во фудбалот“, гласи пораката на легендарниот Португалец.

Многумина секако не веруваат во оваа изјава на Роналдо. Тој е познат како човек кој секогаш се натпреварува да биде подобар и посовршен од другите, па овие зборови ги изненадија љубителите на фудбалот.

Се претпоставува дека КР би можел да остане на теренот уште најмалку две години и дека би можел да се збогува од фудбалот во дресот на Португалија на Светското првенство во 2026 година, а тоа засега изгледа како многу реална цел.

На 39-годишна возраст, Кристијано е во фантастична форма и не изгледа дека наскоро влегува во петтата деценија.

Оваа сезона, во осум настапи за Ал Наср од Саудиска Арабија, КР постигна седум гола и забележа две асистенции. Целта е да се освои шампионатот и ќе видиме дали конечно ќе успеат во тоа.

Роналдо е член на клубот од јануари 2023 година, а вкупно на 72 натпревари постигна 65 голови и запиша 17 асистенции.

Кристијано Роналдо со години гради вила во родната Мадеира, каде што ќе се смири по завршувањето на кариерата.

Трошоците за изградба одамна надминаа 20 милиони евра. КР не го очекуваше тоа, но за него неколку дополнителни милиони се апсолутно ништо со оглед на тоа што тој одамна ја помина границата од милијарда долари во кариерата.