Со 7,7 милијарди американски долари, кошаркарскиот клуб Голден стејт е највредниот клуб во НБА лигата. „Форбс“ наведе дека вредноста на „воините“ се зголемила за 10 отсто во однос на минатата година. Агенциите додаваат дека Голден стејт е прв на оваа листа, втора година по ред.

Според листата на Форбс, кошаркарите на Њујорк Никс се втори со 6,6 милијарди долари, што е зголемување од осум отсто. Зад нив се Лос Анџелес Лејкерс (6,4 милијарди долари), а актуелните шампиони во НБА, Денвер Нагетс се на 15. место со вредност од 3,38 милијарди долари, што е дури 75 отсто повеќе од лани.