Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди сериско производство и продолжување на борбеното тестирање на новата хиперсонична балистичка ракета „Орешник“, која беше искористена за напад на Украина во четвртокот.
„Ќе продолжиме со тие проби, особено во борбени ситуации, во зависност од ситуацијата и природата на заканите за безбедноста на Русија“, рече тој на телевизиската средба со воени претставници.
Неопходно е да се започне со сериско производство“, рече Путин и ја пофали моќта на ова оружје.
Тој рече дека Русија има „резерва“ од овие ракети „подготвени за употреба“, додека тврди дека засега „никој во светот“ нема таков тип на оружје.
Рускиот претседател оцени дека развојот на овој тип проектили е од „витално значење“ за Москва, која се соочува со „нови растечки закани“.
Русија објави дека вчера го гаѓала украинскиот град Днипро со нова ракета Орешник со среден дострел (до 5.500 километри) која може да носи и нуклеарна боева глава.
Путин синоќа изјави дека тоа е одговор на двата украински напади со западни ракети на руска територија и се закани дека ќе ги таргетира земјите кои го снабдуваат Киев со оружје.
Лансирањето на нова руска ракета е знак за ескалација на руската војна против Украина, која е поддржана од нејзините западни сојузници.