Николоски на средби во Стејт департментот, Херитиџ фондацијата и ИРИ

42

Во работна посета на САД е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Од партијата соопштија дека тој се сретнал со заменик-помошникот секретар во Стејт департментот задолжен за регионот, Метју Палмер, како и со директорите на фондацијата Херитиџ и на републиканскиот институт, задолжени за меѓународна политика.

На сите средби Николоски ја нагласил потребата од суштински реформи во Македонија во делот на владеење на правото и борба со корупција, економски реформи, реформи на јавната администрација, како предуслов за почеток на преговори за членство во ЕУ како и забрзување на процесот на членството во НАТО.