Николоски во работна посета на Солун: Ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата

21
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски претстојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан – “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”

 

На форумот, министерот Николоски ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи. Посебен акцент ќе стави на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридор 10 како предуслов за поквалитетно поврзување со пристаништето во Солун и брз транспорт на добра и улсуги.

Во рамките на форумот, предвидено е министерот Николоски да оствари билатерални средби со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција како и со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка.