Кристијан Николов беше, веројатно, нашиот најдобар кошаркар на натпреварот против селекцијата на Литванија, меч на кој загуби Македонија со 67:82.

Нашиот репрезентативен плејмејкер креираше ситуации во кои значително ја намалувавме високата предност на противникот, но на крајот тоа се покажа недоволно, и покрај 18. негови поени.

  • Беше навистина тежок натпревар за нас, бидејќи ни недостигаа неколкумина момци. Дадовме сè што можевме, верувам дека ќе бидеме уште подобри на следниот натпревар и се надевам на подобар резултат на гостувањето во Литванија. Тие поставија некоја агресивна игра од самиот почеток, судиите им го дозволија тоа. Јас играв тоа што ни го даде одбраната, соиграчите многу ми помогнаа… Се играше со многу контакт. Задоволен сум што покажавме карактер. Се надевавме на победа, но, за жал, она што го покажавме не беше доволно – изјави Николов.