Николовски: Брашно, зејтин и млеко ќе има

53

Брашното, зејтинот и млекото нема да му недостигаат на ниту еден граѓанин во државата и покрај кризата и покачувањето на цените на прехранбените производи, уверува министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Ако има недостиг на храна, договорено е да се обезбедат резерви со земјите потписнички на Договорот за неограничена трговија со храна во рамките на Отворен Балкан, односно Албанија, Македонија и Србија, гласи последната изјава на министерот.

Граѓаните се револтирани од континуираното поскапување на храната, особено на млекото и на лебот. Последниве денови, цената на млекото за еден литар се искачи на околу 90 денари.