Никола Тодороски со новото стенд-ап шоу „Да, болиТ!“ во Скопје

117

На 15 декември, во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар во Скопје, во 20 часот, ќе настапи Никола Тодороски со своето најново стенд-ап шоу со наслов „Да, болиТ!“. Настанот го организира „Skopje Comedy“.

За настапот актерот вели: „Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто ‘Да, БолиТ’. Си се споредил со некој подобар – Да, БолиТ. Другарка ти се мажила ти не – Да, БолиТ. Другар ти замина странство ти не – Да, БолиТ. Ти замина странство другар ти не – Да, БолиТ. Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да, БолиТ. Михаела имат поубо точаче – Да, БолиТ. Ти слушаш метал, комшијата Аца Лукас – Да, БолиТ – во стомачните!“.

Пред Тодороски, ќе настапи Никола Братучед Сиљаноски, познат на охридската стенд-ап сцена.

Како што посочуваат од „Skopje Comedy“, во своето ново стендап шоу Тодороски ќе се потруди да ве натера да заборавите на секојдневието, на проблемите, на сивилото, на рестрикциите, на високите сметки, а потоа тој намерно ќе ве потсети на сите овие работи за да се изнасмеете.

До сега, со „Да, болиТ!“, Никола Тодороски настапил во Охрид, Битола, Прилеп, Струга, Штип, и Радовиш.

За 11 години активна стендап кариера со преку 150 изведби годишно, Никола Тодороски создал пет соло стендап шоуа: „Се викам Никола“, „Делириум“, „Вештачка Интелигенција Природна Глупост“, „Рециклирани конфети“. Пред неколку месеци го сними своето прво комеди шоу на англиски: „Banana Resident”. Во моментов е на турнеја со неговото најново стендап шоу: „Да БолиТ“.