Никола Роквиќ симна десетина килограми, нафрли мускули и лебот го исфрли од исхраната

213

Само со цврста волја! Популарниот пејач Никола Роквиќ по долгото топло лето своите обожаватели ги израдува со тоа што им покажа и раскажа дека мора да се внимава на здравјето и физичкиот изглед.  Исто и на здравиот начин на исхрана, која сега му се состои само од свеж зеленчук без леб. Тој само со цврста волја  успеал да ја направи физичката трансформација.

На старата фотографија Никола има заоблено стомаче, спуштени гради и буцкасти образи.  На новата е сосема поинаков, без стомаче, со симнати  десетина килограми  и со истакнати мускули.

Тој оваа година пешачеше од Белград до грчкиот остров Егина, каде што се поклони на моштите на св. Нектерија. Целата акција имаше и хуманитарен карактер, бидејќи беа собрани десетици милиони српски динари за лекување на децата болни од рак.  Д.М.