Никола Карабатиќ и се приклучува на француската репрезентација

58

Најдобриот ракометар во светот Французинот Никола Карабатиќ, сепак ќе игра на Светското првенство во Германија и Данска. Тој од 2006 година ги предводеше „триколорите“ до четири светски, три европски и две олимписки злата. Франција едвај го совлада Бразил во првото коло, но го покажа вистинското лице против Србија, натпревар кој Карабатиќ го следеше од трибините.

Повредата на левата нога, која ја лекува од средината на октомври минатата година до сега, се чинеше дека го остави Карабатиќ надвор од СП во Германија и Данска, но тој ќе биде во националниот тим за втората фаза на шампионатот

Ова требаше да биде првото големо натпреварување кое го пропушта за националниот тим, но тој се враќа на време за да помогне на неговата земја. Тој досега учествувал на сите европски и светски шампионати, како и на Олимписките игри од 2003 година, откако е член на националниот тим