epa11729845 Rafael Nadal (C) of Spain celebrates the victory of Spain's Carlos Alcaraz over Tallon Griekspoor of the Netherlands during the Davis Cup quarterfinal between Netherlands and Spain at the Jose Maria Martin Carpena Sports Palace in Malaga, Spain, 19 November 2024. EPA-EFE/Jorge Zapata

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал имаше емотивен говор по елиминацијата на Шпанија во четврт-финалето на Дејвис купот. Тој се заблагодари за огромната поддршка и на репрезентацијата за шансата да игра во Малага.

– Морам да им се заблагодарам на сите. Тешко е да се почне, благодарност до навивачите. Ова беше дваесетгодишна кариера во која секогаш ме водевте. Ми помагавте да го освојам секој следен поен, во добрите времиња. А, во лошите – да продолжам да се борам. Сакам да ѝ честитам на Холандија за победата и да му се заблагодарам на целиот шпански тим што ми дозволи да играм во Дејвис купот. Не излезе како што сакавме, дадов сè што имав и од срце сум благодарен за шансата овие неколку дена повторно да се чувствувам како професионалец. Реалноста е дека никогаш не сакав да дојде до овој момент. Не сум уморен од тенисот, но телото едноставно дојде до точка во која повеќе не сака да игра – кажа Шпанецот.

Тој се осврна на резултатите и на својот тениски пат.

– Титулите, бројките се тука, луѓето го знаат тоа, ама јас сакам да ме паметат како добар човек од мал град во Мајорка што имаше среќа да има чичко кој е тениски тренер. Јас бев момче што си ги следеше соништата и правеше сè за да биде тоа што е денес. Има луѓе што се обидувале, а јас имав среќа затоа што животот ми даде шанса да доживеам неверојатни моменти благодарение на тенисот. Постигнав повеќе од она за што можев да сонувам – заврши шпанскиот тенисер.

Во својата кариера, Надал има освоено 22. грен- слем титули и дури четири пати се закити со пехарот во Дејвис купот, во 2004, 2009, 2011 и во 2019 година.

ИЗДВОЕНИ