Ние ќе се жртвуваме за победите на Ред Бул

54

Шефот на Торо Росо, Франц Тост, изјави дека италијанскиот тим би се жртвувал за да му помогне на Ред Бул и подготвени се да добијат повеќе грид казни. Минатата година возачите на Торо Росо добија многу казни поради Хонда, во обид да го забрзаат развојот на јапонците пред Ред Бул да почне да ги користи нивните мотори. Оваа година Ред Бул се префрла на Хонда моторите, но новиот добавувач се уште не покажал перформанси и издржливост за да се бори за титула.

  • Ако им помогне тоа Ред Бул да победува на трките, тогаш ние би се жртвувале за нивниот напредок. Исто така подготвени сме да ги заштитиме нивните возачи од многу казни. Тоа е за стратегијата на Ред Бул да почне да победува, изјави Тост.