Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше посетата на заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд на Нигер.
– Нуланд мислеше дека со Нигер може да се направи истото како со Украина: ставете колачиња во пластична кеса и превртете ги? Ваков банана режим, како во Киев, нема да најдете никаде на друго место – напиша дипломатката на својот Телеграм.
Викторија Нуланд вчера го посети Нигер, каде разговараше со новоименуваниот началник на Генералштабот на вооружените сили на таа земја, Муса Салау Барму и тројца негови соработници. Разговорите беа „искрени и сложени“.
Захарова веројатно мислеше на настаните од ерата на Мајдан, кога тогашната помошник државен секретар на САД, Нуланд, ги посети демонстрантите во Киев и ги почести со колачиња и леб. Демонстрантите ја пречекаа со радосни извици, а некои извикуваа „Бог да те благослови“.