Не се сите толку сиромашни – Македонците возат автомобили од над 300 илјади евра!

Нема официјални податоци за тоа колку луксузни возила се возат во државата, но познавачите на пазарот велат дека таа бројка не е за занемарување. Во државата има два автомобили „бентли“, повеќе „поршеа“, неколку автомобили „ролс ројс“ и „ферари“, повеќе скапи БМВ, мерцедеси, „ренџ ровер“ кој чини над 200 илјади евра, „астон мартинс...Вредноста на овие автомобили се движи од 300 илјади евра па нагоре. Меѓу најскапите автомобили кои се возат на македонските патишта се „ролс ројс“ кои чинат над 300 илјади евра, а тука некаде се „ферари“, кои чинат над 250 илјади евра. Што се однесува до автомобилите од марката „Бентли“и покрај тоа што многумина сметаат дека нивната цена е астрономска, сепак на пазарот може да се најдат и по цена од 180 илјади евра, но и таа не е за џебот на просечниот македонски граѓанин

1183

По патиштата  во Македонија можат да се видат евтини, просечни, но и  луксузни и скапи автомобили. И покрај тоа што важиме за држава со слаба економија и со ниска куповна моќ на граѓаните, сепак има и такви кои можат да си дозволат да купат автомобил од неколку стотици илјади евра. Ако за дел од граѓаните лудост е да се вложуваат толку пари во автомобил, за други тоа е остварен сон, страст, престиж…

Нема официјални податоци за тоа колку луксузни возила се возат во државата, но познавачите на пазарот велат дека таа бројка не е за занемарување. Во државата има два автомобили „бентли“, повеќе „поршеа“, неколку автомобили „ролс ројс“ и „ферари„, повеќе скапи БМВ, Мерцедеси, Ренџ Ровер кој чини над 200 илјади евра, „астон мартинс“…Вредноста на овие автомобили се движи од 300 илјади евра па нагоре. Меѓу најскапите автомобили кои се возат на македонските улици се „Ролс Ројс“ кои чинат над 300 илјади евра, а тука некаде се „ферари“ кои чинат над 250 илјади евра. Што се однесува до автомобилите од марката „бентли“и покрај тоа што многумина сметаат дека нивната цена е астрономска, сепак на пазарот може да се најдат и по цена од 180 илјади евра, но и таа не е за џебот на просечниот македонски граѓанин.

Дел од овие автомобили чинат двојно повеќе од почетната цена поради специјалните додатоци кои сопствениците ги бараат при изработката на автомобилот. Така на пример некои од сопствениците бараат специјална внатрешност, односно седиштата да бидат изработени од посебни видови кожа, нарачан дизајн на внатрешност, посебни тркала, доработка на мотор, специјални сопирачки.

Податоци за тоа кој се сопственици на овие автомобили нема, бидејќи автосалоните не даваат вакви лични податоци, но постои можност сопствениците сами да си ги купиле и увезле во Македонија бидејќи се работи за ретки и скапи автомобили. Има и автомобили кои се со странски регистарски таблички, а ги возат Македонци кои имаат фирми во странство.

Интересен е податокот дека дел од сопствениците на овие автомобили формираат посебни клубови во кои се дружат, разговараат за автомобилите и организираат интересни настани, како патувања кон интернационални дестинации, трки…

Во последните неколку години, од почетокот на пандемијата наваму, во земјава се увезени три-четири автомобили „порше“, кои чинат меѓу 240 и 260 илјади евра. Во земјава има вкупно единаесет возила „ферари“ и едно „ламборџини“ кое чини 240.000 евра.

Ваквите ултраскапи автомобили во земјава доаѓаат само по специјална нарачка, додека пак најскапите автомобили кои се нудат на продажба чинат околу 300  илјади евра. Меѓу најскапите автомобили кои се нудат на нашиот пазар се возилата од типот „мерцедес“. Така „мајбах С680“ со четири врати чини околу 300 илјади евра, теренец „мајбах“ е малку поевтин и чини 250 илјади евра. Скапи се и моделите од класата С. „Мерцедес С 63“ кои се продава за над 250 илјади евра. „БМВ“ е исто така скап бренд, а ваквите автомобилите се продаваат по цена од над 200 илјади евра. Меѓу поскапите автомобили се и „ренџ ровер велар“, „јагуар Ф“, „џип компас“…

Според официјалните податоци од Царинска управа од почетокот на годината до крајот на јули во државата увезени се 5.845 нови и 17.275 користени автомобили.

(А.С.)