Двократната грен слем шампионка Романката Симона Халепс е суспендирана на четири години поради употреба на недозволени супстанци, објави Меѓународната агенција за тениски интегритет. На минатогодишниот САД Опен, Симона беше позитивна на забранета супстанца кога беа направени антидопинг тестови пред турнирот, а потоа во мај беше обвинета за неправилности во биолошкиот пасошот.

Халеп е суспендиран од октомври 2022 година, а забраната ќе трае до 6 октомври 2026 година. Романската тенисерка се бранеше и вината за позитивниот допинг тестот ја префрли на контаминиран суплемент (лек кој го стимулира производството на крвни зрнца и хемоглобин) и најави дека оваа одлука ќе ја обжали до Судот за спортска арбитража во Лозана. Таа тврди дека не направила ништо лошо и ќе го докаже тоа.

-Продолжувам да тренирам и да правам се што е во моја моќ да го исчистам моето име од овие лажни обвинувања и да се вратам на теренот“, се вели во соопштението на Халеп и потенцира дека наскоро ќе поднесе жалба до Арбитражниот суд.

Во 2017 година Симона беше број еден тенисер во светот, а го освои Ролан Гарос во 2018 година со победата против Слоун Стивенс и Вимблдон една година подоцна, со победата против Американката Серена Вилијамс. Токму Американката по оваа одлука објави срамен твит каде напиша „осум е подобра бројка“ алудирајќи на тој пораз во финалето во Лондон…