Не се делам од Де Јонг

175

Капитенот на холандскиот гигант Ајакс, Матијас де Лигт, сè уште нема донесено конечна одлука околу тоа каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера.

Централниот дефанзивец важи за голема желба на раководните лица на Ливерпул, Барселона и на Јувентус, но во последното интервју кое го даде за холандските медиуми, Де Лигт, откри што ќе биде пресудно околу неговата конечна одлука. Репрезентативецот на Холандија откри дека сака и понатаму да игра покрај Френки де Јонг, кој веќе потпиша за Барселона.