Рускиот тенисер Данил Медведев изјави дека не планира да преземе било какви режими на исхрана, каков што е случајот со Србинот Новак Ѓоковиќ.

Медведев игра одлично оваа година и во моментов е на четвртото место на АТП-листата.

  • Мојата диета не е толку строга. Новак е единствен во тоа. Ми кажа дека му помогнало многу. Ако тимот ми каже да одам по неговиот пат, тогаш ќе го направам тоа. Што му треба на спортистот? Јаглехидрати, протеини, а не јадење слатки работи. Тоа е мојата исхрана, истакна Медведев.

Тој истакна дека по секој турнир ќе се „почести“ со торта.

  • Да, дури и ако изгубам во првото коло. За време на турнирот во Санкт Петербург готвачот ми испрати колачиња во собата, но му напишав дека тоа не го консумирам додека трае натпреварот, па затоа се изедов подоцна, додаде Медведев.

Тој посочи дека искуството на секој одигран турнир влијаело врз него да стигне до својата најдобра форма оваа година.