Не сакам да зборувам за тој кловн!

61

Се почесто сме сведоци на големи расправии, па и тепачки, за време на натпреварите во НБА лигата. Таква ситуација имаше и на последниот натпревар на Портланд, каде што центарот Јусуф Нуркиќ, влезе во расправија со ѕвездата на Оклахома, Расел Вестбрук.

Двојката и претходно знаеше често да влезе во расправија, речиси при секој дуел, а исто така и овој пат не можеше да мине без провокации на двете страни.

Се започна при една блокада на Нуркиќ која ја направи над Вестбрук, кој потоа се обиде да го испровоцира центарот на БиХ со провокативна насмевка. Веднаш потоа Нуркиќ му возврати, откако Расел го промаши и наредниот шут. Потоа следуваа уште низа такви потези по кои најдобриот кошаркар на „тандерси“ не можеше, а да не искоментира.

  • Не сакам да зборувам за тој кловн, порача Вестбрук по натпреварот.

Сосема очекувано не се чекаше долго на одговор од босанскиот ѕвер.

  • Зошто да не, Вестбрук, напиша Нуркиќ на социјлните мрежи.

Што се однесува до натпреварот Охлахома славеше со 123:105, благодарение на новиот трипл – дабл на Весбрук од 29 поени, 14 асистенции и десет скокови. Во преостанатите натпревари, Торондо триумфираше над Сакраменто со 120:105, Далас го победи ЛА Клиперс со 106:98, додека Минесота ја забележа единствената гостинска победа совладувајќи го Феникс со 118:91.