Австалискиот тенисер Ник Кирјос планира да му се врати на тенисот на почетокот на следната сезона. По долга пауза поради повреда, тој конечно треба да се појави на Австралија Опен во јануари 2025 година.
Кирјос беше гостин на поткаст каде што објасни зошто не се вратил на теренот порано, и покрај фактот што сè уште верува дека е подобар од многумина што играат сега.
„Играв еден натпревар минатата година, бев расположен да се вратам и верував дека можам да победам барем 50 отсто од играчите, но не го сакам тоа. Моите навивачи заслужуваат подобра верзија од мене отколку што сум сега на теренот“, изјави 29-годишниот тенисер
„Не сакам само да учествувам и да бидам свесен дека светот нема да биде љубезен кон мене кога ќе се вратам. Одеднаш ќе заборават дека бев надвор година и пол поради повреди. Ќе помислат, тоа е Ник Кирјос од кого се очекува многу. Кога губи, тоа не е во ред.
На крајот откри дека нема намера непотребно да ја одолговлекува кариерата.
„Гледам како му оди на Мареј сега, кога Рафа си оди, не сакам тоа да ми се случи мене. Не сакам така да се влечам преку целта. Она што Енди Мареј го постигна во овој спорт е практично врвот, освен ако не си Новак, Федерер или Надал. Според мене, тие операции, болката не вреди.