Големиот талент од редовите на Ајакс, Дони ван де Бек, ја освои шампионската титула во Холандија со своите тимски колеги и на тој начин го исполни ветувањето кое му го даде на поранешниот соиграч, Абделхак Нури.

Станува збор за фудбалерот кој на почетокот од 2017 година, за време на пријателскиот натпревар против Вердер од Бремен, доживеа мозочен удар. Нури сè уште е закован за болничкиот кревет и нема никакви шанси да се врати на зелениот терен.

Во потресниот разговор за холандски Телеграф, јунакот на Ајакс од Лигата на шампиони, со солзи на очите зборуваше за својот пријател кој многу му недостасува.

  • Често пати ја посетувам неговата фамилија, а Апи ќе го посетам за време на празниците. Тоа го правам за да се заштитам самиот себе. Подолго време не сум бил кај него. Секогаш кога ќе го видам многу се растажувам. Со недели сум вознемирен, тажен и не спијам како што треба. Многу ме боли. Би сакал да го гледам секој ден затоа што многу ми недостасува, но знам дека тоа не може да функционира на овој начин. Разговараме, а понекогаш можам да видам и насмевка на неговото лице. Нешто допира до него. Апи е многу паметен, нели е така? Седевме еден до друг во соблекувалната. После неговата несреќа размислував на многу теми, но на моите соиграчи им кажав дека нема да си заминам сè додека не ја освоиме шампионската титула. Многу го сакав тоа, изјави Ван де Бек.

Нури колабираше поради аритмија на срцето, а лекарските прегледи покажаа дека има претрпено сериозни и трајни повреди на мозокот. Поради недостаток на кислород, клучниот орган никогаш повеќе нема да функционира и никогаш нема да се рехабилитира.

  • Тешко ми е да зборувам за Нури. Јас сум повлечена личност. Кога ќе се натажам се повлекувам во себе. Никогаш немав потреба од некаков психолог, сè што ми треба е мојата фамилија и моите пријатели. Тие се секогаш тука за мене и секогаш ме слушаат кога е потребно, додаде фудбалерот на Ајакс.