Рускиот тенисер Данил Медведев, призна дека не очекувал Новак Ѓоковиќ да испише историја во тенисот.
Но, бројките јасно говорат дека Србинот е најдобар во историјата. Освои дваесет грен слем титули и се изедначи со Федерер и Надал, имаше голема дилема за тоа кој е најдобар во историјата, но Новак ги има сите предности за да ја осови и оваа титула.Тој моментно е тенисерот со најмнпгу недели на врвот на АТП и досега има соборено бројни рекорди.
-Искрено кога бев дете, како тениски навивач, мислев дека Новак е играч способен да освои само неколку грен слем титули. Меѓутоа не верував дека тој е на нивото на Рафаел Надал и Роже Федерер, искрено изјави вториот тенисер во светот.
Медвесев истакна и дека српскиот тенисер сите ги изненадил.
-Ги собори готово сите рекорди во светот на тенисот и заслужува голема почит. Новак е неверојатен, изјави Медведев.
Во меѓувреме најдобриот тенисер во светот се плсираше во осминафиналето на Отвореното тениско првенство на САД. Тој во четири сета славеше над Јапонецот Кеи Нишикори со 6:7, 6:3, 6:3, 6:2. Србинот до победата на централниот терен „Артир Еш“ стигна по повеќе од три часа игра. Ова беше 20. меѓусебен дуел со Нишикори и 18. победа на најдобриот тенисер во светот.
Новак во осминафиналето ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот меѓу Аслан Карачев и Џенсон Бруксби.