Не им е „простено“ на лицата кои возат со прекумерна брзина: Стотина се казнети во Битола

50

На територијата на СВР Битола денеска од 10 до 16 часот е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 98 возачи. Од нив, 60 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место.

Како што информираат од МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.