Во своето синоќешно обраќање, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека доколку Украина имала пристап до подобро оружје, кое Западот не и го испратил, ќе ја завршела оваа војна.
„Ако Украина имаше оружје што може да се спореди со она што го користат Русите, досега ќе ја завршивме оваа војна“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека „во сите разговори и преговори со лидерите на демократскиот свет, неправедно е што Украина се уште е принудена да го бара она што нејзините партнери го чуваат со години“.
Украинскиот претседател рече дека ако овие земји имаат оружје и муниција што и се потребни на Украина, нивна морална должност е да помогнат во заштитата на слободата, да ги спасат животите на илјадници Украинци и дека не е фер тој да ги моли за тоа.
Зеленски понатаму додаде дека ако неговата земја го добие оружјето што и е ветено во наредните недели, тоа ќе ги спаси животите на илјадници луѓе.