Го чекаме со денови, а потоа обично се случува викендот да биде жртва на прекумерни очекувања и на крајот сме понезадоволни и поуморни отколку што бевме во петокот.
Проверете што советуваат експертите, на што треба да се посветите во деновите на одмор.
Според списанието „Бизнис Инсајдер“, успешните луѓе ги прават следниве 10 работи во слободно време:
1. Успешните луѓе ги планираат своите активности однапред
На овој начин, тие драстично ги намалуваат шансите да бидат во искушение да губат време, и се доволно добри стратези за да можат да се справат со итни случаи или непланирани ситуации доколку се појават.
2. Се подготвуваат за викендот во текот на последниот работен ден
Ова вклучува завршување на целата работа, средување на работното место, правење планови за викендот и збогување со колегите.
3. Тие поставуваат јасни граници кога станува збор за технологијата
Успешните луѓе нема да дозволат да бидат преоптоварени со куп мејлови, пораки и телефонски повици. Тие јасно поставуваат граници во комуникацијата со клиентите и колегите, давајќи им до знаење кога можат да очекуваат одговор.
4. Тие се исклучени од надворешниот свет
Оваа група луѓе не само што ќе постави јасни граници, туку навистина ќе ги исклучи мобилниот телефон и компјутерот, наместо да гледа во екранот на мониторот до доцна во ноќта.
5. Поминуваат време со семејството и пријателите
Бидејќи е тешко да се обрне внимание на саканите во текот на неделата поради деловни обврски, најдобро време кога е можно тоа да се направи е викендот.
6. Волонтираат
Успешните луѓе со задоволство ќе го посветат своето слободно време на решавање на бројни проблеми и помагање на другите.
7. Се занимаваат со работи што ги сакаат
Викендот е одлично време да се посвети на омиленото хоби како што се читање, дружење, вежбање спорт, и сите оние работи за кои многумина обично не можат да најдат време во текот на работната недела.
8. Не размислуваат за работа
И покрај фактот дека ова е голем предизвик, успешните луѓе нема да бидат оптоварени со размислување за претстојната презентација или пропуштени рокови. Наместо тоа, тој ќе се фокусира на уживање во работите што ги прави во моментот.
9. Ги „полнат батериите“
Сите знаеме колку е важно да се одморите и да му обезбедите на вашето тело доволно спиење. И покрај тоа што остануваат активни во текот на викендот, успешните луѓе наоѓаат време и за релаксација.
10. Размислуваат однапред
Неколку часа пред спиење, успешните луѓе ќе размислат за целите што треба да ги постигнат во следните денови/недели. Клучот е во тоа што, за разлика од многумина, тоа ќе го направат без стрес.