Не е проблем што грејната сезона во осум училишта на територијата на општина Карпош ќе започне подоцна

154

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, смета дека не претставува никаков проблем одлуката на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, грејната сезона во осум училишта на територијата на оваа општина да започне подоцна, односно на 1 ноември, откако од новинарите беше прашан дали тоа е законски.

-Ние имаме правила за снабдување и компаниите задолжени за тоа се обрзани да започнат со испорака на топлинска енергија. Онаму каде што има калориметри, пред се куќи, а не згради, самиот сопственик може да каже: „сега ќе бидам исклучен, па ќе се вклучам кога ќе ми биде поладно“. Тоа е одлука на самиот потрошувач, а во таа насока е и одлуката на градоначалникот на Општина Карпош- објасни Бислимоски.

Тој додаде дека во Скопје температурите за сега се релитивно поволни и високи и верува оти ќе нема никакви проблеми.

Воедно, Бислимоски посочи дека е факт оти сите скопски општини во изминатиот период се соочиле со големи трошоци за топлинска енергија.

-Токму за оваа категорија потрошувачи, цената на топлинската енергија во февруари ја намаливме за 35 проценти, а во јули годинава и за дополнителни 20 проценти. Целта беше да ги растовариме основните и средните училита, како и градинските во Скопје – потенцираше Бислимоски. 

(А.П.)