Не е ист со оној што го јадеме: Црниот ким се користи во медицината над 2000 години, „лечи од сите болести, освен од смрт“

150

За да се избегне забуна, ова растение не е поврзано со кимот што го знаеме во нашата кујна и кој сакаме да го посипуваме на кифличките.

Имено, се работи за црн ким (лат. Nigella sativa) со потекло од Југозападна Азија. Семето на ова растение се користи повеќе од 2000 години во медицината, а може да се добие и во форма на масло.

Црниот ким помага при широк спектар на заболувања: варење, надуеност, ослабен црн дроб, мигрена, разни воспаленија, како и габични, бактериски и вирусни инфекции и го поттикнува производството на млеко кај доилките. Ги регулира хормоните, го зајакнува имунитетот, помага при кожни болести, ги ублажува симптомите на алергија, ги зајакнува крвните садови…

Неговите лековити својства се споменати и во Библијата и во Куранот. Исламскиот пророк Мухамед рекол: „Црниот ким ги лекува сите болести освен смртта“.