Мала кафеџилница во Лондон решило на своите клиенти да им понуди нешто необично и по исто толку необична цена.
Вистинските љубители на кафе не можат да си замислат ден без својата „магична напивка“, а оние со длабоки џебови можат да пробаат кафе во Лондон за кое ќе треба да издвојат 265 фунти (310 евра) за една шолја.
Кафеџилницата „Шот“ во елитните лондонски населби Мејфер и Мерилебон уживањето го наплаќа по изгор цена поради потеклото на зрната од кои го приготвува кафето.
Ова е причината поради која кафето се служи со чаша вода
Имено, кафето се прави од зрна „Типика“, поквалитетен подвид на „Арабика“. Тие растат и зреат на имотот Накајама на јапонскиот остров Окинава.
Килограм од овие специјални зрна чини 1.730 евра (1.480 фунти), без трошоци за транспорт.