„Не би ни пиел кафе со него, не заслужив да…“

89
epa10184592 Manchester City manager Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Пеп Гвардиола е познат како многу педантен тренер кој сака претежно мирни и послушни играчи. Секој што ќе излета од шините автоматски е прешкртан. Златан Ибрахимовиќ тоа најдобро го знае од времето поминато во Барселона.

Ибрахимовиќ е многу силен и цврст лик и некој кој не се откажува од себе, а Марио Манџукиќ, легендарниот хрватски напаѓач сигурно е сличен на него.

Манџукиќ му ги даде најдобрите години на Јувентус, додека со Баерн (М) стигна до трофејот во ЛШ кога беше стрелец во финалето против Борусија Дортмунд во 2013 година.

Недолго потоа, Баварците беа преземени од Пеп Гвардиола и тогаш работите тргнаа наопаку за Манџукиќ кој никогаш не му прости на Гвардиола.

Манџукиќ постигна 18 гола во сезоната 2013/2014, но сепак го напушти Баерн за Атлетико (М). Причина за тоа биле лошите односи со Гвардиола.

„Гвардиола ме разочара, не се однесуваше со почит кон мене. Не ми дозволи да станам најдобар стрелец во Бундеслигата. Работите ми беа двојно подобри кога беше Јуп Хејнкес“, изјави Хрватот пред десет години и додаде:

“Дали би седнале со Гвардиола на кафе? Тоа нема да се случи. Во мојот професионален живот не мора да ги сакам сите, но кога чувствувам негативна енергија со некого, се обидувам да ја избегнам таа личност. Почувствував дека работите се сменија кај мене штом дојде Гвардиола. Се обидов да се адаптирам, но двете страни мора да направат нешто за тоа да се случи. Сфатив дека немам иднина во Баерн, па поднесов барање да го напуштам клубот и морав да изберам нова дестинација“.

Гвардиола пак зборуваше за Манџукиќ во книгата „Господин Пеп“, велејќи дека за време на тренинзите Хрватот секогаш бил таму каде што биле проблемите.

„Веќе по две недели, Гвардиола го ценеше Хрватот за неговите способности за трчање, борбеност и притисок врз противниците. Сепак, неговата агресија имаше и свои негативни страни. Секогаш кога имаше проблематични ситуации на тренинзите, многу често Манџукиќ беше во центарот на сè. Гвардиола и неговиот штаб не се сомневаа во фудбалското знаење на Манџукиќ, туку во неговиот карактер. Со Манџукиќ секогаш треба да бидете внимателни. За помалку од два месеци нашата врска од почит и поддршка се претвори во нешто негативно. Доколку Геце добие предност, Марио ќе стане ладен и незаинтересиран“, му објасни Гвардиола на авторот на книгата Марти Перарнау.