Неутешната мајка го закопа синот, Сајмон Кауел ја тешеше: Последно збогум за прерано починатиот Лијам Пејн

91

Неутешните родители на Лијам Пејн, Карен и Џеф, беа фотографирани на погребот на нивниот син во Вулверхемптон. Мајката на прерано загинатата музичка ѕвезда не можела да престане да плаче, а нејзиниот сопруг постојано бил до неа.

Многумина им изразиле сочувство, а во еден момент им пришол „ловецот на таленти“ Сајмон Кауел и ги прегрнал.

Како што пишуваат британските медиуми, ковчегот на Пејн бил донесен во бела кочија. На ковчегот имало два цветни аранжмани. Бил од неговиот син Беар и на него пишувало „Тато“, а другиот бил од родителите на пејачот и на него пишувало „Сине“.

Да потсетиме, Лијам Пејн почина на 16 октомври годинава, по пад од третиот кат на хотелот „КасаСур“ во Буенос Аирес, Аргентина. Тој имаше само 31 година.

 

ИЗДВОЕНИ