Нетанјаху: Пред Израел се тешки денови, подготвени сме на секое сценарио

125

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека Израел е „подготвен за секое сценарио“ и ја поздравува одлуката да не се стави крај на војната.

„Од нападот во Бејрут се слушаат закани од сите страни. Ќе застанеме обединети и решителни против секоја закана. Пред нас се предизвикувачки денови“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање од штабот на израелската армија во Тел Авив. пренесува Тајмс оф Израел.

Тој рече дека Израел веќе некое време е под притисок од други земји да ја прекине војната.