Нетанјаху повторно вети дека евакуираните Израелци од северот на земјата ќе се вратат дома

78

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска повторно вети дека десетици илјади Израелци, кои беа евакуирани од северните погранични области со Либан, ќе бидат вратени во своите домови и дека либанската милитантна група Хезболах ќе биде погодена „посилно отколку што може да се замисли. ”

„Не можам да навлегувам во детали за сè што правиме, но можам да ви кажам една работа: ние сме решени да ги вратиме нашите жители на северот на земјата безбедно во нивните домови“, рече Нетанјаху во кратката видео порака.

Во својата порака, Нетанјаху не ги коментираше напорите предводени од САД да се обезбеди договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, објави Ројтерс.