Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во вторникот понуди 5 милиони долари и безбеден излез од Газа на секој што ќе го врати заложникот.
„На оние кои сакаат да го напуштат овој заплет им велам: Кој ќе ни донесе заложник ќе добие безбеден излез за себе и за своето семејство. Ќе дадеме и по 5 милиони долари за секој заложник“, рече Нетанјаху.
„Изберете, изборот е ваш, но резултатот ќе биде ист. Ќе ги вратиме сите“, додаде тој.
Говорејќи во коридорот Нецарим во централна Газа заедно со министерот за одбрана Израел Кац, Нетанјаху додаде дека кој ќе му наштети на заложникот „ќе ја плати цената“.
Неговата објава го навлече гневот на мајката на Матан Зангаукер, еден од заложниците што се уште се држи во Газа.
„Премиерот тргува со животите на заложниците“, рече Еинав Зангаукер.
Таа го критикуваше Нетанјаху за „нудење пари на Хамас“ и рече дека неговиот обид „да се подели и да владее во Газа со поткупување на киднаперите“ ќе ги стави на ризик заложниците.
„Неверојатно е човекот кој го финансираше Хамас повторно да му нуди пари на Хамас“, рече таа, мислејќи на контроверзниот договор со кој Катар со години испраќаше милиони долари во Газа со поддршка на Израел.
Нетанјаху ја бранеше иницијативата кога беше покрената во 2018 година, велејќи дека таа има за цел да го врати мирот во израелските села на југ и да спречи хуманитарна катастрофа во Газа.
„Кога ова е стратегијата на премиерот, разбирам дека тој нема намера да ги спасува заложниците, ќе продолжи да одложува и има намера да ги жртвува нив и војниците на олтарот на неговите политички размислувања“, рече Зангаукер.
Кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври минатата година, уби повеќе од 1.200 луѓе и зеде над 250 други како заложници. Од киднапираните, 97 останаа во Газа, вклучително и телата на најмалку 34 лица потврдени од израелската војска.
Многумина од спасените во израелските операции беа пронајдени мртви, што предизвика бес во Израел.