„Нетанјаху не планира прекин на огнот во Либан: Го чека крајот на изборите во САД, а од една причина му е наклонет на Трамп“

322

Израелскиот коментатор и аналитичар, Акива Елдар, рече дека нема индикации дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е подготвен или сака да постигне договор за прекин на огнот во Либан пред претседателските избори во САД на 5 ноември.

– Се моли и се обложува на победа на поранешниот претседател Доналд Трамп. Тој верува дека кога тоа ќе се случи, ќе може да манипулира со американскиот претседател – изјави Елдар од Тел Авив за катарската телевизија Ал Џезира.

Елдар рече дека има уште еден рок за Нетанјаху во првата недела од декември, кога треба да сведочи во судскиот процес против него за обвиненија за корупција. Елдар процени дека Нетанјаху ќе направи се за да го избегне тоа.

Либанскиот премиер Наџиб Микати го критикуваше ширењето на израелските напади врз неговата земја, велејќи дека тие укажуваат на напуштање на напорите на Израел да обезбеди прекин на огнот по повеќе од еден месец војна, пренесе агенцијата Франс прес.

– Обновеното проширување на размерите на агресијата на израелскиот непријател врз либанските региони, повторените израелски закани до населението за евакуација на цели градови и села и повторното таргетирање на јужните предградија на Бејрут во деструктивни напади, се показатели дека го потврди отфрлањето на напорите за обезбедување прекин на огнот – рече Микати по нападот врз јужните предградија на Бејрут синоќа, први оваа недела.

ИЗДВОЕНИ