Нетанјаху му се заблагодари на Бајден за петдецениската поддршка за Израел

129

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Белата куќа разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој му се заблагодари за поддршката на државата Израел, која, како што посочи, трае веќе 50 години.

Нетанјаху рече дека го познава Бајден 40 години, а американскиот претседател го познава секој израелски премиер во последниот половина век, пренесе Би-би-си.

„Од горд еврејски ционист до горд ирско-американски ционист, сакам да ви се заблагодарам за 50-годишната јавна служба и 50-годишната поддршка за државата Израел“, рече израелскиот премиер.