Нетанјаху испрати делегација на преговори: Би можело ли да дојде до прекин на огнот?

163

Премиерот Бенјамин Нетанјаху испрати делегација да учествува во преговорите за ослободување на заложниците во замена за договор за прекин на огнот, изјави израелски претставник, објавија Ројтерс и Асошиејтед прес. Не е јасно каде ќе се водат разговорите.

Според извештаите, Нетанјаху им нагласил на своите преговарачи „дека војната ќе заврши само откако ќе ги постигне сите свои цели, ниту еден момент пред тоа“.

Според Ал Џезира, премиерот постојано повторувал дека тие цели вклучуваат целосен пораз на Хамас, што веројатно е во спротивност со секое движење кон прекин на огнот.

Сепак, канцеларијата на Нетанјаху синоќа соопшти дека Израел го добил последниот одговор на Хамас на преговарачкиот предлог за прекин на огнот, додавајќи дека ќе го проучи.

Гади Ајзенкот, поранешен член на сега распуштениот воен кабинет на Израел, изјави за локалниот весник Вала дека договорот за прекин на огнот и враќање на израелските затвореници во Појасот Газа е „поблиску од кога било досега“.

Сепак, тој подвлече: „Тешко ми е да замислам, Нетанјаху да се издигне на ниво на стратешко лидерство и да донесе многу тешка одлука за прекин на војната.

„Тешко ми е да замислам Нетанјаху да го прифати договорот и да им каже на Смотрич и Бен-Гвир дека тоа е вистинската работа… Нетанјаху се соочува со стратешка дилема, или враќање на киднапираните или опстанок на неговата влада “, рече тој, додавајќи дека премиерот, според него, повеќе не е во состојба да им служи на најдобрите интереси на Израел.