Во несреќа во рудник за бакар во Замбија предизвикана од лизгање на земјиште предизвикано од дожд, загинаа седум рудари, а повеќе од 20 се водат за исчезнати, соопштија денеска властите, кои се сомневаат дека сите се удавиле.
Одронот се случи во четвртокот вечерта и ги затрупа рудничките окна.
Несреќата се случила во рудникот Шесели во близина на градот Чингола, 400 километри северно од главниот град Лусака.
Замбија, земја на југот на африканскиот континент, е меѓу 10-те најголеми производители на бакар во светот.