Младич е задржан во московската полиција поради кривично дело-хулиганство, додека полицијата трага по неговите соучесници, бидејќи во московското метро со несолена шега предизвикале паника.
Како што беше објавено на социјалните мрежи, заедно со снимката од инцидентот, сето тоа се случило на втори февруари кога младичот со заштитна маска на лицето во вагон од московското метро паднал и почнал да имитира ненадеен напад со зачестени кочења, додека неговите соучесници викале дека младичот е заразен со смртоносниот коронавирус. Тоа предизвикало паника меѓу патниците кои избезумено почнале да бегаат од вагонот, и дури и од метрото.
На уапсениот младич му се заканува казна од пет години затвор, пренесуваат руските медиуми.