Непредвидени предвесници на катастрофата – 2 торнада ја погодија Флорида пред налетот на ураганот во исчекување/ВИДЕО

324

Најмалку две торнада, предизвикани од ураганот Милтон, погодија денеска во близина на малиот град Монтура, на Флорида, од кои едното беше окарактеризрано како „екстремно опасно“, соопшти Националната метеоролошка служба.

„Вие сте во опасност. Летечкиот отпад може да биде смртоносен за оние кои се без засолниште“, се вели во соопштението на службата.

Властите повикаа речиси 5,5 милиони луѓе да го евакуираат западниот брег на Флорида додека државата се подготвува за една од најголемите операции за евакуација и спасување во својата историја, јавува Си-Ен-Ен.

Во Флорида, округот Пинелас нареди евакуација на повеќе од половина милион луѓе, округот Ли нареди 416.000 луѓе кои живеат во нејзините задолжителни зони за евакуација да ги напуштат своите домови, а најмалку шест други крајбрежни окрузи наредија евакуација, вклучително и округот Хилсборо градот Тампа.

Гувернерот на Флорида Рон де Сантис објави дека се распоредени 9.000 чувари, од кои една третина доаѓаат од други држави.

„Дваесет и шест екипи за пребарување и спасување се на терен“, рече гувернерот.

Во исто време, GasBuddy, платформа која ги следи цените и достапноста на бензинот, предупреди дека во областа помеѓу градовите Тампа и Санкт Петербург горивото не е достапно на повеќе од половина од бензинските пумпи.

Аналитичката компанија CoreLogic предупреди дека околу 500.000 домови се загрозени, со проценета вредност за реконструкција од 123 милијарди долари, доколку ураганот достигне јачина од три кога ќе ја погоди земјата.

Ако Милтон достигне јачина од четири, компанијата предвидува дека околу 700.000 домови ќе бидат оштетени, со приближно 174 милијарди долари штета.

Со максимални ветрови од 150 милји на час, Милтон беше намален од ураган од петта категорија на ураган од четврта категорија на петстепената скала Сафир-Симпсон, според најновиот извештај на Националниот центар за урагани на САД.

Според истиот извор, се очекува Милтон да остане исклучително опасен ураган кога ќе падне на Флорида.

Како што јави агенцијата Ројтерс, американскиот национален центар за урагани објави дека силно невреме најверојатно ќе ја погоди метрополитенската област Тампа Беј.

ТРИ УРАГАНИ ЈА РАЗОРУВААТ АМЕРИКА, ЕДНИОТ СТИГНА ДО ЕВРОПА: Метеоролозите ова досега не го виделе – сателитските снимки се монструозни!