Непознато лице фрлило експлозив пред куќа во Прилеп, за среќа нема повредени

38

Засега непознато лице вчера околу 19:30 часот, во Прилеп, на улицата Поп Аврамија, фрлило експлозивна направа пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 21-годишниот С.Л. од Прилеп. При инцидентот дошло до експлозија, но за среќа нема повредени лица.

Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на настанот, а во моментов се во тек активности за идентификување на сторителот и расветлување на мотивите за нападот.

Полицијата апелира до граѓаните да ја пријават секоја информација која може да помогне во истрагата.