Необичен почеток на првиот ден на новата учебна година: Французинка ја донела ќерката на училиште, а потоа се породила во училницата

97

Французинка ја донела својата ќерка на училиште, а потоа се породила во училницата
во училиште во близина на францускиот град Рен е снимен необичен настан кога жена во поодмината бременост се породила во училницата откако ја донела ќерка си на училиште, пренесе Би-Би-Си.

Во понеделникот, на првиот ден од новата учебна година, бебето се родило за само неколку минути, многу пред да пристигне брзата помош, која потоа ги пренела мајката и новороденчето во породилното одделение, јавува телевизијата БФМ, нарекувајќи го бебето „најмладиот ученик во Франција“.

За време на породувањето, на мајката и помогнале вработените од соседноте јасли, каде што донеле пешкири.

Пораѓањето било закажано за 9 септември, но почнало со пукање на воденикот штом бремената мајка пристигнала со ќерката на училиште, по што породувањето се се случило со неверојатна брзина.

По пристигнувањето на брзата помош и напуштањето на училиштето, мајката им го покажала бебето на родителите на учениците, кои останале во училишниот двор да го следат овој среќен настан.