Поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси денеска се воздржа од целосна поддршка на кандидатурата на американскиот претседател Џозеф Бајден, велејќи дека тој треба да одлучи дали ќе се кандидира, но предупреди дека часовникот отчукува.
„Останува на претседателот да одлучи дали ќе се кандидира. Сите го охрабруваме да ја донесе таа одлука бидејќи времето истекува“, рече Пелоси во интервју за Ем-Ес-Ен-Ен-Би-Си , одговарајќи на прашањето дали Бајден ја имал нејзината поддршка на претстојните претседателски избори во Америка.
Пелоси посочи дека не може да каже дали Бајден има огромна поддршка од демократите во Конгресот, особено што таа повеќе не е во лидерска улога. „Но, тој е сакан, почитуван и луѓето сакаат тој да ја донесе таа одлука, и тоа е тоа“.
Нејзиниот портпарол потврди дека Пелоси целосно ја поддржува одлуката на Бајден „Пелоси целосно го поддржува она што ќе го реши претседателот Бајден. Треба да се фокусираме на тоа зошто оваа трка е толку важна: Доналд Трамп ќе биде катастрофа за нашата земја и нашата демократија, пренесува Танјуг.