Во 1980-тите сите знаеја кого да повикаат – истерувачите на духови. Потоа со децении нивниот телефон само ѕвонел … но напразно. Како и да е, нивниот телефон наскоро повторно ќе заѕвони бидејќи тие се враќаат на ТВ-екраните.
Милиони луѓе од целиот свет сигурно ќе ги воодушеви информацијата дека доаѓа продолжението на ненадмината фантастична американска комедија “Ghostbusters”, која ќе биде во режија на Џејсон Рајтман, синот на продуцентот и режисер на оригиналната франшиза, Иван Рајтман.
“Секогаш се сметав себеси за првиот фан на “Ghostbusters”, дури и кога имав шест години присуствував на снимање на филмови. Сакав да се направи нов филм за сите други фанови. Ова ќе биде следното поглавје од оригиналната франшиза. Она што се случило во 80-тите години, се случило “, вели младиот Рајтман.
Деталите за новиот “Ghostbusters” уште не се познати, но филмот би требало да почне да се снима во 2020 година.
Колку за потсетување, истерувачите на духови беа Петер, Реј и Егон, а ги глумеа Бил Мареј, Ден Ајкројд и Харолд Рамис. Тие една ноќ во библиотеката видоа вистински дух и во страв и паника дојдоа до идеја дека со одредена опрема ќе биде можно да се фатат духовите и да се чуваат во посебна комора.
Наскоро отворија и компанија за фаќање на духови, и токму кога помислија дека нема да успеат да ги реализираат своите идеи, добија повик од менаџер на хотел во кој зелен дух тероризира гости. Тие успеваат да го фатат, а потоа нивната работа почнува да се развива…