На почетокот од изминатата декада, Енди ван дер Мејде, важеше за еден од најдобрите фудбалери во Европа. Го носеше дресот на Ајакс, а потоа потпиша милионски договор со италијанскиот калчо гигант Интер.

Со преселбата во Милано, неговата кариера тргна во погрешната насока и тоа поради непрофесионалното однесување, лошите навики и првенствено поради користењето на кокаин.

Иако никогаш не успеав во целост да го презентира својот потенцијал, Ван дер Мејде е подготвен да им даде совет на помладите фудбалери, во овој случај на 24-годишниот сонародник Анвар Ел Гази, играчот на Лил кој моментално настапува како позајмен фудбалер во дресот на Астон Вила.

Благодарение на одличните игри во актуелната сезона, голем интерес за неговите услуги покажаа раководните лица на англискиот премиерлигаш Евертон.

  • Немој тоа да го направиш, немој да ја прифатиш понудата на Евертон. Какво го*но од клуб е тоа. Никогаш немој да потпишеш за тој клуб. Ќе се уништиш, гласеше пораката на поранешниот репрезентативец на Холандија.

Енди ван дер Мејде многу добро знае за што зборува затоа што од 2005 до 2009 година го носеше дресот на клубот од Ливерпул. За четири години, офанзивниот играч за врска забележа само 20 настапи, а потоа се пресели во редовите на ПСВ, каде не одигра ниту еден натпревар.