Американскиот боксер Деонтеј Вајлдер (37) се смета себеси за најмоќниот тешкаш на сите времиња. Вајлдер истакна дека нема потреба никого да се споредува со него, па дури ни славниот Мајк Тајсон, кој според многумина е најдобриот боксер на сите времиња досега.
Мајк Тајсон, според многумина го имаше најсилниот удар на сите времиња, но Деонтеј Вајлдер тврди дека неговиот разорен удар е помоќен од оној на Американецот и од на сите други боксери во тешка категорија.
-Јас го имама најдобриот удар. Нема потреба повеќе да се расправаме за тоа, рече Вајлдер и продолжи:
-Јас сум. Јас сум најдобар без никакво сомневање. Тоа му го кажав и на Мајк Тајсон. Ги сакам борците од старата школа, но новата генерација е подобра од претходната. Само што ја кажав вистината, вели Вајлдер.
Се разбира, за љубителите на боксот, неговите зборови се неверојатни и изгледаат навистина понижувачки за луѓето чии удари против многу посилните ривали од оние на Вајлдер ги завршија борбите.
Американскиот боксер долго време во кариерата беше непоразен. Сепак, тој немаше вистински предизвик до борбата со Тајсон Фјури, а кралот на циганите беше тој што му ја одзеде титулата светски првак на ВБЦ што ја држеше со години. Во три борби со Британецот двапати беше поразен со нокаут, а нивниот прв контроверзен меч заврши без победник.
Вкупно во кариерата, покрај два порази и едно реми, оствари 43 победи, од кои 42 со нокаут. Го доби прекарот Бронзениот бомбардер поради неговиот разорен удар, но освен тоа, малкумина го сметаат за боксер со најсилен удар на сите времиња во боксот.