Нема предвремени парламентарни избори – одлучи СДСМ

47

Извршниот одбор на СДСМ вечерва одлучи да нема предвремени парламентарни избори, поради продолжување на реформските и интеграциските процеси.

Претходно и премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев изјави дека „верува дека не е добро време за избори“.

– Направивме анализи и истражувања, разговаравме со меѓународните фактори и Општинските организации, Централниот одбор дебатираше и даде насоки уште пред нкеколку седмици, јас верувам дека ќе донесеме одлука – рече пред седницата Заев.

Против предвремени парламентарни избори веќе се изјасни и владиниот партнер на Заев, Али Ахмети, како и дел помали коалициски партнери на СДСМ.

Опозицијата пак, бараше парламентарни избори напролет.