Нема преговори во Украина до американските избори, смета Борел

76

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел смета дека преговорите за решение на кризата во Украина најверојатно нема да започнат пред претседателските избори во САД.

Американските избори се закажани за 2024 година.

„Мислам дека тој (рускиот претседател Владимир Путин) ги чека резултатите од американските избори“, изјави дипломатот во интервју за шпанското радио Одна Церо.

„Да бев пријател на Путин, како Кинезите, ќе му кажев дека направи огромна грешка, и што поскоро да ја исправи“, додаде шефот на европската дипломатија и додаде дека истото го очекува и од Кина.