Нема понуда за Инсиње

79

Контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање иднината на капитенот на “азурите”, Лоренцо Инсиње.

Во изминатите неколку месеци доминираа шпекулациите дека репрезентативецот на Италија ќе биде продаден за време на летниот преоден рок доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 100 мил. евра.

Сепак, првиот човек на Наполи откри дека крилниот напаѓач и следната сезона ќе престојува на “Сан Паоло” затоа што не е за продажба и затоа што нема никаква официјална понуда за неговите услуги.